Од 13 до 19 април, македонската сообраќајна полиција ќе спроведе засилени акциски контроли на патиштата низ целата држава, како дел од големата европска акција на Мрежата на европски сообраќајни полициски сили ROADPOL.
Акцијата ќе се случи во среда, 15 април. Почнувајќи од полноќ, па сè до полноќ во четврток (16 април), полицијата ќе спроведе 24-часовен маратон, со непрекинати контроли на брзината на движење на сите клучни точки во државата.
„Маратонот на брзина“ се изведува истовремено на територијата на цела Европа, со цел да се подигне свеста за опасностите од брзото возење.
Од МВР нагласуваат дека голем дел од локациите каде ќе се вршат мерењата се однапред познати на возачите. Намерата е да се засили превентивниот ефект и да се поттикнат возачите да ги почитуваат ограничувањата.
Од полицијата велат дека брзото возење останува главен фактор за сообраќајни незгоди со тешки и смртни последици и затоа преку проектот „Безбеден град“, се работи на долгорочна промена на однесувањето кај возачите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата