logo
logo
logo

Ако решите да останете подолго во Грција, ЕВЕ КОГА МОРА ДА СЕ ВРАТИТЕ ОД ТАМУ

Vecer | 13.04.2026

Ако решите да останете подолго во Грција, ЕВЕ КОГА МОРА ДА СЕ ВРАТИТЕ ОД ТАМУ

Државјаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и другите земји што не се дел од Шенген зоната, можат да престојуваат во Грција најмногу 90 дена во период од 180 дена. Ова правило важи без разлика дали престојот е непрекинат или во повеќе наврати.

Поседувањето недвижност во Грција не носи дополнителни поволности – и за сопствениците важи истото ограничување од 90 дена.

Клучно е да се разбере дека станува збор за „клизен“ период. Тоа значи дека при секое ново влегување во земјата се пресметуваат последните 180 дена наназад, а не од датумот на првиот влез. Патниците треба да ги избројат деновите поминати во Грција (или било која друга земја од Шенген) во тој период за да знаат колку им преостанува.

За полесна пресметка, може да се користи т.н. Шенген калкулатор, во кој се внесуваат датумите на влез и излез, по што автоматски се добива точниот број на преостанати денови.

Граничните служби имаат прецизна евиденција за престојот. При влез и излез се става печат во пасошот, а електронските системи им покажуваат на службениците колку долго лицето престојувало.

Пречекорувањето на дозволениот престој не поминува без последици. Во Грција казните се движат од 600 до 1.200 евра, а во одредени случаи може да следи и депортација или забрана за влез во Шенген зоната.

Доколку некој не може да ја напушти земјата пред истекот на рокот, потребно е најмалку две недели однапред да се обрати до надлежните служби за странци и да побара продолжување на престојот.

Важно е да се напомене дека правилото 90/180 важи за целата Шенген зона, што значи дека деновите поминати во Грција се пресметуваат заедно со престојот во другите земји членки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk