logo
logo
logo

ШИЛЕГОВ НЕ ЗАПИРА: СДСМ нема капацитет да привлече нови гласачи

Vecer | 15.03.2026

ШИЛЕГОВ НЕ ЗАПИРА: СДСМ нема капацитет да привлече нови гласачи

Поранешниот функционер на СДСМ, екс-градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во гостување на Тема на денот на Сител рече дека оваа опозициска партија „кадровски се испразнила“ и најави дека наскоро, како што рече, поголема група социјалдемократи ќе побара оставка од актуелното раководство.

Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и да ги замолиме луѓето што ја раководат партијата, повеќе да не го прават тоа. Да дојдат некои други да ја раководат партијата – рече Шилегов.

Тој додаде дека тоа ќе биде „процес“ воден од луѓе кои политички израснале во СДСМ. Смета дека слабиот СДСМ ги тера критички настроените граѓани да ја бараат опозицијата во Левица.

Кај граѓаните опозициското чувство е високо, но кај вака организиран СДСМ – безличен и без можност да привлече нови гласови, треба да се бара поинаков пристап – вели поранешниот градоначалник на Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk