logo
logo
logo

АКО СЕ ПОЈАВИ ГРУЕВСКИ, ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР, Унгарија еднаш одби екстрадиција

Vecer | 14.04.2026

АКО СЕ ПОЈАВИ ГРУЕВСКИ, ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР, Унгарија еднаш одби екстрадиција

Ако избеганиот поранешен премиер Никола Груевски се врати од Будимпешта во Македонија, ќе оди в затвор, рече денеска премиерот Христијан Мицскоски одговарајќи на новинарско прашање.

– Јас немам никакви очекувања, но доколку се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и тој веднаш откако ќе се појави нормално, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна којашто е согласно правосилна одлука. Ние сме Влада за којашто сите закони важат и Влада којашто мора да ги почитува законите и институциите во државата, а нормално секое лице има право да ги користи институциите, да ги користи своите права, да поднесува потоа жалби. Но ние како Влада имаме пред нас правосилна пресуда со којашто лицето за коешто вие зборувате сега е упатено на отслужување на затворска казна. А дали ќе се врати и кога ќе се врати, јас немам такви очекувања – рече Мицкоски по настанот во Царинската управа.

Екстрадиција за поранешниот премиер Никола Груевски е побарана уште во 2018 година, а е одбиена во 2019 година од страна на Унгарија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со специфичните политики поврзани со екс премиерот Груевски, Мицкоски вели дека тоа е одлука на унгарската влада.

– Јас колку што сум запознаен, екстрадиција е побарана уште во 2018 година, а е одбиена во 2019 година. Постои процедура доколку лицето има право на азил поради определени причини. За дополнителни деталии треба да се обратите во Министерството за правда. Јас не сум министер за правда, јас сум претседател на Владата – рече Мицкоски.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска го праша министерот за правда Игор Филков дали е побарана екстрадиција на Груевски и ако не е, дали ќе ја побара.

Мицкоски ја честиташе победата на Петер Маѓар во Унгарија.

– Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Ние имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар. Очекувам да води про-европски политики, про-интегративни и очекувам поддршка за членство во ЕУ на регионот, вклучително и на Македонија – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk