logo
logo
logo

Делегација од Агенција за остварување на правата на заедниците во официјална посета на Унгарија

Vecer | 02.12.2024

Делегација од Агенција за остварување на правата на заедниците во официјална посета на Унгарија

Во рамките на Taiex програмата на ЕУ делегација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците престојуваше во Будумпешта, Р Унгарија, а нејзин домаќин беше институцијата на Народниот правобранител на Р Унгарија.

Членовите на делегацијата предводени од директорот на АОПЗ Далибор  Китановиќ остварија официјален состанок со комесарот за фундаментални  права на Р Унгарија Акос Козма, кој се одржа во Дебрецен,  каде што е и седиштето на едната од неколкуте регионални канцеларии на унгарскиот народен правобранител. Во конструктивен и пријателски разговор беа нагласени добрите и пријателски односи помеѓу двете земји, како и добрите и блиски врски помеѓу двата народа.

Унгарскиот комесар Козма истакна дека Унгарија е стратешки партнер на нашата земја и дава јасна и недвосмислена поддршка на нејзиниот пат за полноправно членство во Европската Унија. Целта на состанокот беше да се пренесат искуствата и добрите практики на институцијата која ја води комесарот Козма во однос на правата на малцинските заедници во Унгарија.

На крајот од состанокот беше договорено дека соработката помеѓу  институцијата на обудсманот на Унгарија и Агенцијата за остварување на  правата на заедниците ќе продолжи и ќе се продлабочи, во насока на  подобрување на капацитетите на агенцијата и нејзината регулаторна и  надзорна функција, а се со цел подобрување на правата и состојбата на помалубројните заедници нашата земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk