logo
logo
logo

Општина Струга организира аукција за луксузниот автомобил

КОЈ ЌЕ ПЛАТИ НАЈМНОГУ ЌЕ СЕ ВОЗИ ВО АУДИТО НА РАМИЗ МЕРКО

Vecer | 05.03.2026

КОЈ ЌЕ ПЛАТИ НАЈМНОГУ ЌЕ СЕ ВОЗИ ВО АУДИТО НА РАМИЗ МЕРКО

Општина Струга информира дека на 16 овој месец ќе се одржи аукција за продажба на автомобилот Ауди А6 со почетна цена од 1.344.636 денари или околу 21.800 евра.

Аукцијата, како што соопшти општинската прес-служба, ќе почне во 10 часот на интернет страницата e-stvari.mk.

„Со средствата од продажбата на автомобилот ќе се набави комбе кое ќе служи за потребите на општинската администрација и спортските клубови во градот“, се вели во информацијата.

Оттаму информираат дека огласот бр. 1/2026 за продажба на подвижни предмети – патничко моторно возило, преку електронска аукција е објавен и во Службен весник.

„Ги покануваме сите заинтересирани страни да учествуваат на соодветната аукција. На аукцијата ќе бидат објавени сите информации за возилото, како и потребните упатства за аплицирање“, информира Општина Струга.

Авомобилот, Ауди А6, кој Општина Струга го купи 67.000 евра, во времето кога градоначалник беше Рамиз Мерко крена дебата во јавноста дека е набавен во време кога општината била со блокирана сметка. Против Мерко се водеше судски спор, на кој судот во Струга одлучи дека нема вина за набавката на луксузното возило.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk