Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија на својот Фејсбук-профил објави дека Србија строго ја забранува употребата на антибиотици и високи дози на витамини во лекување на ковидот. А појасни и дека очигледно она што со години го “трубат“ тој и некои негови колеги комшиите подобро го разбрале.

- За да нема недоразбирања, во најновиот протокол за вонхоспитално лечење на болни со Ковид-19 во Србија строго се забранува употреба на антибитици и високи дози витамини!!!

Изгледа тоа што цела година го трубиме со моите колеги Никола Пановски и Драган Даниловски подобро го разбираат комшиите од домашните, пишува д-р Беќаровски.