На својот Фејсбук-профил токсикологот д-р Нико Беќаровски упати критика до сите оние кои деновиве прославуваа Стара нова година.
- До 14 часот стававте слики од масовни собири на работните места со паричката. Вечерва го преплавивте Инстаграм со слики од дочек на Стара нова година. Утре ќе бидете големи филантропи и ќе објаснувате како е нехумано децата да одат на настава со физичко присуство, пишува д-р Беќаровски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата