logo
logo
logo

ЦРНИ БРОЈКИ ОД ДЗС: Зголемување од 89,1 отсто на бројот на починати во четвртиот квартал од 2020-та во споредба со 2019 година

Vecer | 27.02.2021

ЦРНИ БРОЈКИ ОД ДЗС: Зголемување од 89,1 отсто на бројот на починати во четвртиот квартал од 2020-та во споредба со 2019 година

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2020 година изнесува 4.935 и во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 4.8 отсто.

Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани, пак, бележи зголемување од 89.1.% во споредба со 2019 година и изнесува 9 465 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња, но ваквиот раст, според Државниот завод за статистика е поради доцнењето на извештаите од одделни матични подрачја од претходните квартали како последица на пандемијатa со КОВИД-19.

Природниот прираст изнесува минус 4 530, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 19.7 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 2 689 бракови.

Бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 540, што претставува намалување од 19.3 % во споредба со истиот период од 2019 година.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk