logo
logo
logo

ЧИФЛИЗИТЕ, ВИЛИТЕ, АВТОМОБИЛИТЕ НА АЛИ АХМЕТИ, ги објави Фатмир Лимани (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 25.01.2023

ЧИФЛИЗИТЕ, ВИЛИТЕ, АВТОМОБИЛИТЕ НА АЛИ АХМЕТИ, ги објави Фатмир Лимани (ФОТО+ВИДЕО)

Ахмети бара скенер за политичарите/Лимани одговoри - му ги извади куќата и луксузните вили на претседателот на ДУИ (Фото)

Откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Тетово побара „скенер“ за сите политичарите за нивните имот, реагираше Фатмир Лимани од Движењето Беса, кој на Фејсбук го објави местото каде живее првиот човек на ДУИ.

Лимани прикажа фотографии и видео од вилите на Ахмети.

Фотографија 1 - Јас, Татко ми, Наим, чичко Ислам кај Али Ахмети, пред да дојде во родниот крај.

Фотографија 2 -  Куќата-вила на Али Ахмети, на темелите на старата куќа, по доаѓањето во родниот крај.

Фотографија 3 - Вилата во Буковиќ...

Фотографија 4-  ила на шоферот, откако стана негов шофер, водич и советник...

Потоа Лимани објави и видео од дрон.

„ДРОН-скенер кој ги снима од земјата и од небото чифлизите, вилите, автомобилите, фабриките, зградите и имотите на аристократското семејство, кое не го познава почетокот и крајот на луксузниот живот“ напиша Лимани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk