Четворица малолетници во петокот попладнето тешка здравствена состојба се примени на Клиниката за токсикологија. Малолетниците попладнево биле пронајдени во куќа во Скопје.
Малолетните лица кои се на возраст меѓу 14 и 17 години се хоспитализирани на клиниката, а тие биле донесени со пореметена свест и бројни повреди по телото, потврдува за Курир директорот на клиниката, Андон Чибишев.
„Малолетниците се хоспитализирани и се преземени мерки за реанимација. Во моментов двајца од нив се на Токсикологија со подобрена општа состојба која оди кон подобро, додека другите двајца се во потешка состојба и се испратени на дополнителни иследувања кои треба да се анализираат“, вели Чибишев за Курир.
Неофицијално, во организмот на малолетните лица била присутна поголемо количество лекови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата