logo
logo
logo

„Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме“, ОТКАКО ВИДЕЛЕ ДЕКА ВАЊА Е ДЕВОЈЧЕ, А НЕ ЖЕНА

Vecer | 18.06.2025

„Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме“, ОТКАКО ВИДЕЛЕ ДЕКА ВАЊА Е ДЕВОЈЧЕ, А НЕ ЖЕНА

Горан Бошевски, адвокат на обвинетиот Велибор Манев, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кои завршни зборови дава одбраната, истакна дека неговиот штитеник од првообвинетиот Љупчо Палевски добивал инструкции за грабнувањето на велешкиот пензионер со кого се познавал од претходно. Манев и Боре Видевски претходно ја имале ископано земуницата, каде подоцна тој на полицијата му откри дека е закопан убиениот Жежовски.

За денот на грабнувањето на Жежовски

Палевски преку „моторола“ им кажал да влезат.

Влегол прв Маневски и го турнал Жежовски додека Палчо го земал телефонот, кој подоцна го фрлил во долот.

Неспорно е дека грабнувањето на Панче е во ден среда.

Двете возила тргнале кон земуницата.

Го изнеле Панче, го спуштиле.

Велибор се наведнал и во тој момемт го видел Палчо како пука кон Панче. Кога го прашал зошто го направил тоа, Палчо му рекол:

„Да не расипуваме сега пријателство“.

За грабнувањето на Вања

Боре ѝ го исклучил мобилниот на девојчето.

Кога стасале, Палевски ја извадил и ја сликал. Палевски зборувал со некого на телефон. Кога ја извадиле лентата виделе дека е девојче и му рекле да ја пуштат оти е грешка.

„Носиме маски нема да не познае, да ја пуштиме“, му предложил Манев на Палчо.

Но, Палевски го зел пиштолот и го убил девојчето. Отишол до неговото возило, извадил копач и лопата и им ги дал да копаат дупка, објасни во завршните зборови адвокатот Бошевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk