logo
logo
logo

Скандал во Штип

300 ЕВРА ЗА (6) ВО ИНДЕКС - Професорка фатена на дело

Vecer | 30.06.2026

300 ЕВРА ЗА (6) ВО ИНДЕКС - Професорка фатена на дело

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит.

- Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од штипскиот Сектор за внатрешни работи ја лишиле од слобода Т.А., 39-годишна штипјанка, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026, К.Б., на возраст од 26 години од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит што дополнително ќе го полагал на 29.06.2026 - соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Преземени биле мерки во координација со Основното јавно обвинителство - Штип и на К.Б. му биле предадени крим технички обработени три банкноти од по 100 евра. Како што информираа од МВР, полициски службеници ја лишиле од слобода Т.А. веднаш откако ги примила парите.

- Таа е задржана во полициска станица, парите се одземени и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава - информираа од МВР. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk