Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, присуствуваше на отпочнувањето на градежните активности за доградба на објектот на основното училиште „Јоаким Крчовски“ во општина Ѓорче Петров.
Премиерот изрази благодарност до локалните и централните власти за меѓусебната координација во спроведувањето на ветените капитални проекти.
„Уште еден од низата проекти коишто беа планирани за реализација. Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, на пратеникот којшто доаѓа од општината Ѓорче Петров, на колегите од Владата, на министерството за образование и наука, за посветената работа, трудот којшто го вложуваат, поддршката којашто ја даваат, бидејќи не е лесно да се износат сите овие проекти до фаза на реализација.“
Тој потенцираше дека модернизирањето на училишната инфраструктура директно ќе влијае врз квалитетот на наставата за најмладите.
„Очекувам дека наскоро и овој проект ќе биде готов, како што кажа и градоначалникот сите оние технички и би рекол инфраструктурни капацитети коишто ќе ги има овој објект ќе бидат додадена вредност во образовниот процес на нашите најмили, а тоа се децата.“
Мицкоски најави децидно продолжување на динамиката на терен, додавајќи дека извршната власт останува на зацртаниот курс.
„Така што ние како Влада продолжуваме посветено да работиме, тоа што го ветивме тоа и го исполнуваме.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата