logo
logo
logo

ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ПОНАПРЕД ОД УКРАИНА И МОЛДАВИЈА, пречките за Македонија се ирационални, рече Давкова

Vecer | 16.06.2026

ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ПОНАПРЕД ОД УКРАИНА И МОЛДАВИЈА, пречките за Македонија се ирационални, рече Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека земјите од Западен Балкан се значително понапред во евроинтегративниот процес од Украина и Молдавија, посочувајќи дека пречките со кои се соочува Северна Македонија на патот кон Европската Унија се „ирационални“.

Ги поздрави иницијативите за ограничување на можноста за користење вето во процесот на проширување, оценувајќи ги како позитивен исчекор.

Одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на адвокатурата во Адвокатската комора, Сиљановска-Давкова истакна дека скрининг-процесот покажува оти регионот е подалеку во евроинтеграциите од дел од другите земји кандидати.

„Имам длабоки чувства и разбирање за Украина, исто така и за Молдавија, меѓутоа не можам, а да не кажам дека Западен Балкан е многу понапред од нив. Скринингот тоа го покажува. Пречката кон нас е ирационална според мене“, рече таа.

Како позитивен го оцени обидот за релативизирање на правото на вето во процесот на проширување на Европската Унија.

„Чекорот од состојбата во која 26 држави членки оценуваат дека се исполнети високите стандарди и европските критериуми, а една држава може да го блокира процесот, отвора сериозни прашања“, вели претседателката.

Според неа, Европската Унија треба да изнајде механизми што ќе спречат блокирање на проширувањето поради историски и идентитетски прашања, наместо врз основа на исполнувањето на европските стандарди.

Во однос на македонско-бугарските односи и изјавите на поранешниот член на Заедничката историска комисија Огнен Вангелов, претседателката оцени дека неговите ставови за улогата на протоколите во процесот се основани и произлегуваат од непосредното искуство во работата на Комисијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk