Загинатиот во несреќата што се случи вчера на градилиште во Кисела Вода е 34-годишник од Крива Паланка,татко на две малолетни деца.
– Вчера во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул. „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели, со земја биле затрупани работници.
Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – информираа вчера од полицијата.
Скопското обвинителство издаде наредба за обдукција за починатиот.
„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција за починатиот. Државниот инспекторат за труд и Општинскиот градежен инспектор, исто така, ги истражуваат причините за несреќата и почитувањето на прописите за безбедност при работа“, порачаа вчера преку соопштение од ОЈО.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата