Одамна не следам вести на телевизија. Вестите едноставно прво се појавуваат на интернет. Но, понекогаш, вртејќи ТВ-канали, иако и тоа ретко ми се случува, знам да налетам на вест која за миг ќе ми задржи внимание. Така беше и сега. Уловив прилог за оној, за мене опскурен лик, Виктор Стојанов и неговата поддршка за СДСМ во борба против Алфа телевизија. Искрено, никогаш не сум обрнал внимание на ликот и делото на овој Бугарин, кој тера официјална бугарска шовинистичка политика која вели дека не постоиме, а Европската Унија каде сакаме да се напикаме тоа го поддржува.
Како и да е, ја проследив веста. Мајко мила! Јас појма немав дека фраеров му давал 300 евра на секој што ќе си го смени презимето од –ски во –ов. What the fuck??? Демек некогаш, како Бугари, сите наши предци биле на –ов, ама откако Тито нè измислил како Македонци, многумина го смениле презимето за да им завршува на –ски. Додуша, оваа слабоумна теза со презимињава сум ја слушал и од тукашни ликови, ама бидејќи не сакам на луѓе да им велам дека се глупи, сум пробувал муабетот да го свртам на шега. И еве го Виктор Стојанов, дури и пари плаќал за будалаштинава.
Фак, крикна мојот изопачен ум, зошто не беше Русјаковски, па сега да си смениш презиме во Русјаков и, џглаб, 300 евра во џеб. Лудилото настрана, колку треба да си слабоумен од нула до Виктор Стојанов за да мислиш дека муабетов со презимињава има некаква логика? А ха, па да, и јас глуп, заборавив дека Чехов и Асимов се славни Бугари, а Кишловски и Буковски… Боже Господе!
Зошто го пишувам ова? Јас сум писател, а не политички аналитичар. Многумина што спорат со мене на политички теми, сеедно дали се поврзани со нас или со светската геополитика, аргументот дека јас сум писател, а не аналитичар, го земаат како доказ дека токму затоа не можам да ја видам големата слика. Јас, пак, им враќам дека всушност тие, од дрвото не ја гледаат шумата.
За мене, како писател, Виктор Стојанов и неговата слабоумна логика може да се земе како симболична гротеска на антимакедонштината која Европската Унија ја етаблира за своја политика со донесување на Лисабонската декларација, а ја спроведува преку своите членки Грција и Бугарија, со цел ликвидирање на нашиот вековен идентитет и затворање на македонското прашање на наша штета, па така, ако Викторче сосе неговите будалаштини е кловнот провокатор на бугарската нацишовинистичка пропаганда против Македонија, врамена во француска рамка среде музејот на лажните европски вредности, тогаш истиот овој лик е дворската луда на царицата наречена Европска Унија. А царицата е гола и воопшто не е сексапилна како што ја доживуваат црпнати ликови кои мислат дека сидрото го влече бродот напред.
Соголувањето на оваа лицемерна царица започна со нејзината Лисабонска декларација, вулгарноста ѝ кулминираше со одработување на нацистичкото ѓубре наречено Преспански договор, а еве сега ги игра завршните перверзни такти ставајќи си бугарско дилдо во француски презерватив меѓу своите нозе, сакајќи да го заврши ритуалното силување на нашето постоење.
Тоа што се однесува до садомазо-оргијата среде која ЕУ, Грција и Бугарија ѝ прават снаф-генгбенг на Македонија од независноста досега. Не ги спомнувам САД затоа што се држам до ЕУ, оти мнозинството Македонци (сега нордистанци) сакаат таму да се напикаат, иако официјален Вашингтон можеби ја одигра главната улога преку специјалната војна (27.4.2014–27.4.2017) против Македонија, финансирајќи шарени револуции, тирански платформи и коалиции на поразени за промена на власта, со цел ликвидирање на македонското име (идентитет) преку преспанската наци-повраќаница. Но, да се вратам на садомазо-оргијата. Ако тие се садисти, тогаш ние, секако, сме мазохистите.
Апелација донесе одлука дека нема основа и докази за нов, овој пат фер судски процес околу настаните на 27 април. Невините жртви осудени во политичко судски монтиран процес за непостоен тероризам остануваат виновни за нешто што не го сториле. Па, нормално! А зошто да има ново судење, па уште фер, кога оној прв судски процес воопшто не беше за изведување правда на виделина, туку еден сегмент од злосторничкото здружување при вршење кривично дело – велепредавство, преку кое беше на сила променето името Македонија, а македонскиот идентитет ставен во гасна комора. Ха, докази!
Противуставно гласање собраниски спикер без доволен број, за мнозинство, пратеници, отворање собраниски врати од ликови подоцна амнестирани за да гласаат уставни промени, обвинител што јавно кажува дека си избирала број на обвинети за побрзо да заврши процесот и признание за влијание на премиер врз судењето, ТВ-личност која изјавува дека однапред ги знаела пресудите… сето ова не се докази, туку халуцинации од супстанции кои на сите нас некој (можеби лошите Руси) ни ги подметна во пијачката на секојдневјето. Докази се бре гласно изјавени реченици, ама пресечени на пола за да им се смени контекстот, попреку фрлени погледи кои сигурно, меѓу две трепнувања, исфрлаат тероризам од зеници, реченични шурикени на нинџи кои ја менуваат својата смисла и суштина зависно од потребата на гејшите на моќта, изјави на лажни сведоци кои се менуваат како валкани гаќи, ете така на правдата ѝ се вади превезот за да ѝ се ископаат очите.
Извинете ако сето ова што го пишувам ве вознемирува, ама јас верувам дека попрво ќе ми спакуваат кафкијански процес во кој ќе ме изеде темницата, отколку да доживеам правда за Македонија, преку враќање на името и исправање на сите неправди сторени во злосторничкото здружување против нашата татковина.
Но јас сум сосема небитен, мојата безусловна љубов кон Македонија ме обврзува да пишувам за некои идни генерации кои без страв и лицемерност ќе се фатат за работа и ќе ја вратат македонската приказна. И немам намера да го гњавам со муабети новиот јавен обвинител, оти гледам дека ама баш сите нешто му се обраќаат. Јас сум намќор, циник и песимист. За крај, иако нели, како небањат, не ми доликува, ќе прозборам на јазикот на европските вредности и демократијата која од нив произлегува, па ќе заклучам дека нашиот премиер можеби треба да почне да се однесува како Петер Маѓар, на кој цела Европска Унија (вклучително и нашата опозиција) му се восхитува.
Последно што видов од воспеаниот нов унгарски премиер е изјава во која, парафразирам, ги повикува досегашните судии и обвинители сами да дадат оставка, оти тој самиот на клоци ќе ги раздига. Не, а? Пискотници ќе слушаме од Јустиција, преку Бихаќска, до Брисел ако Мицкоски прозбори како новиот херој, драгиот Маѓар, оти одеднаш, истото демократски изречено од унгарскиот премиер, ќе стане јазик на диктатурата во устата на нашиот, ама јас сум само писател, не се разбирам во висока политика и европски вредности и како некој идиот си мислам дека грдото лицемерие е… грдо… лицемерие…
Александар Русјаков (Нова Македонија)
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата