logo
logo
logo

ШПИОН КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА? ИТ-администратор буричкал комппјутери на колеги

Vecer | 20.05.2026

ШПИОН КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА? ИТ-администратор буричкал комппјутери на колеги

Обвинителството за организиран криминал и корупција води предистрага по анонимна кривична пријава, потпишана од „група вработени во МВР“, за сомнежи за преземање податоци од компјутерскиот систем во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според пријавата, се копирале и енкриптирале податоци, т.е. се шифрирале во таен код за наводно да завршат кај разузнавачки служби во странство.

Под сомнение е ИТ-администратор во претседателскиот Кабинет, кој наводно бил поврзан со странска разузнавачка служба.

Од ОЈО ГОКК потврдуваат дека предистрага се води од декември лани по аларм од Секторот за компјутерски криминал во МВР. Веднаш се издадени наредби за докажување на сомнежите, но нема информации од Секторот за компјутерски криминал во МВР за содржината на евентуално извлечените податоци, како и од двата мобилни телефона кои биле одземени од пријавениот.

Плусинфо“ неофицијално дознава дека станува збор за вработен во Кабинетот кој им влегувал во компјутерите на колегите од Кабинетот и ги шпионирал иако таму немало критично важни информации од разузнавачки карактер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk