Премиерот Христијан Мицкоски смета дека клучот за промена на односот на официјална Софија кон Македонија не лежи само во формирањето стабилна влада кај нашиот источен сосед, туку и во сузбивањето на домашното „меко ткиво“. Според него, сè додека во македонскиот политички простор постојат сили кои се подготвени на сервилност и коленичење пред бугарските барања, наративот на Бугарија ќе остане ист.
„Не очекувам воопшто да се промени атмосферата. Напротив, очекувам истата да се вжешти затоа што сѐ уште има структури и политички и општствени, кај нас дома, кои што се подготвени да коленичат пред бугарските власти и да бидат мекото ткиво на македонската надворешна политика. Сѐ додека има такви структури и сили јас не очекувам промена на односот на нашиот источен сосед“, рече премиерот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата