logo
logo
logo

Ослободувањето на Мерко е ДОКАЗ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ

Vecer | 09.06.2025

Ослободувањето на Мерко е ДОКАЗ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ

Денес СДС расфрлаат пердуви, лаги и манипулации, се со цел да го покријат срамот на правосудството кое го ослободи Рамиз Мерко, велат од ВМРО ДПМНЕ.

„СДС се пуштени на најјако со разни фабрикации, само да не се зборува за ослободувањето од вина на Рамиз Мерко, нивниот коалициски партнер.

Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ.

Правниот систем е разрушен од судиите и обвинителите кои ги постави СДС и ДУИ, а кои имаат единствена цел да го спасат од одговорност секој нивен функционер кој со години ја ограбувал државата,“ обвинуваат од владејачката ВМРО ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk