logo
logo
logo

Вие сте ПАТРИОТИ ОД „АЛИ ЕКСПРЕС“ - Премиерот Мицкоски до пратеникот Реџепи

Vecer | 28.05.2026

Вие сте ПАТРИОТИ ОД „АЛИ ЕКСПРЕС“ - Премиерот Мицкоски до пратеникот Реџепи

Парламентарната говорница денеска беше место на жестока вербална пресметка меѓу премиерот Христијан Мицкоски и пратеникот Скендер Реџепи од „Европскиот фронт“. Прашањето на Реџепи за тоа дали премиерот би поддржал уставни измени поврзани со јазичната политика и бришењето на одредницата „20 проценти“ за албанскиот јазик, предизвика остар одговор од првиот човек на Владата.

Мицкоски упати директни обвинувања за лицемерие до партиите од поранешната власт, користејќи сликовит и остар речник за нивното однесување во позиција и опозиција.

Одговарајќи на конкретното прашање за употребата на јазикот, премиерот Мицкоски како пример го посочи полагањето на правосудниот испит, потенцирајќи дека законите не го блокираат користењето на јазиците, туку тоа е прашање на подзаконски акти.

„За правосудниот испит, ако сте го прочитале законот, ќе прочитате таму дека полагањето не е регулирано со законот на кој јазик ќе биде, туку тоа го уредува министерот. Колку министри за правда биле од коалицијата која ја поддржувате? Зошто не го уредиле тоа досега?“, запраша Мицкоски од собраниската говорница.

Премиерот додаде дека токму овие пропусти го докажуваат лажниот пристап на сегашната опозиција кон етничките прашања.

„Затоа што сте лицемерни! Затоа што сте 'патриоти од Али Експрес' кога сте во опозиција, а во влада промовирате зелени еко-агенди. Сега, во опозиција, сакате да создадете етнички конфликт таму каде што воопшто го нема“, дециден беше премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk