logo
logo
logo

ДУИ ГО „ПОЗДРАВИ“ ВРАЌАЊЕТО НА ГРУБИ: „Поради високиот политички и јавен интерес, партијата ќе го следи процесот во сите негови фази“

Vecer | 23.02.2026

ДУИ ГО „ПОЗДРАВИ“ ВРАЌАЊЕТО НА ГРУБИ: „Поради високиот политички и јавен интерес, партијата ќе го следи процесот во сите негови фази“

Демократската унија за интеграција позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата, со што се создава можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат сите прашања, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.

Во него, ниту збор за нападите на СДСМ.

„Очекуваме процесот да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото – со високо ниво на транспарентност во интерес на јавноста, но пред сè со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи.

ДУИ останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политички влијанија. Само правична и професионална постапка ѝ служи на вистината, на институциите и на довербата на граѓаните.

Имајќи го предвид високиот политички и јавен интерес за овој случај, партијата внимателно ќе го следи процесот во сите негови фази“ценат од конструктивната ДУИ.

СДС, пак, денеска ги нападна ДУИ:

„Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување.

На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад највува некое апсење.

Затоа им е потребен Артан Груби. Целта е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ.

Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан, со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ.

Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога, а има камери за Груби?

Ова нема да помине.

Секој што го прекршил законот ќе одговара“, рекоа од СДС.

Од ДУИ молк за нападите од Заев и Венко преку Богданка Кузеска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk