logo
logo
logo

ДЕЦА ОД КУМАНОВО ДУВАЛЕ ЛЕПАК, ги нашле онесвестени

Vecer | 16.06.2026

ДЕЦА ОД КУМАНОВО ДУВАЛЕ ЛЕПАК, ги нашле онесвестени

Три малолетни деца – петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од дванаесет и девет години, биле пронајдени без реакција на допир на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, информираа денеска од СВР Куманово.

Според пријавата, случајот бил евидентиран вчера околу 10:40 часот, а според првичните информации, децата најверојатно биле затруени од вдишување лепак.

Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово каде им била укажана лекарска помош.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk