Еден од најбогатите луѓе од Исток ќе предизвика немир кај јужниот сосед откако објави, за Грција, вознемирувачки твит за Македонија.
Мохамед Али Алабар, еден од топ 10 најбогати луѓе во Обединетите Арапски Емирати по својата посета на Скопје објави дека Македонија е земја на Александар Велики.
Мохамед Али Алабар е истакнат светски претприемач од Емиратите и основач на „Емар Пропертис“, инвеститорот зад иконските знаменитости како што се Бурџ Калифа и Дубаи Мол. Од 2025 година, тој останува централна фигура во меѓународните недвижности, е-трговијата и дигиталното банкарство.
Бизнисменот во објавата пишува за С. Македонија, но во видеото објавено од него зборува за Македонија.
,,С. Македонија — земјата на Александар Велики. Нација со горда историја, обликувана од реки, планини и плодни долини, и дефинирана пред сè од топлината и гостопримството на својот народ”, пишува Али Алабар.
Видеото е снимено во Старата скопска чаршија каде тој е во прошетка. Во краткото видео Али Алабар вели: „Македонија е толку убава зарем не?“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата