logo
logo
logo

АНБ ВРАБОТУВА ИНЖИНЕРИ - Распишан јавен оглас, плата 60.000 денари (ДЕТАЛИ)

Vecer | 06.02.2026

АНБ ВРАБОТУВА ИНЖИНЕРИ - Распишан јавен оглас, плата 60.000 денари (ДЕТАЛИ)

Агенцијата за национална безбедност објави јавен оглас за вработување инженери, со или без претходно работно искуство.

Платата за работните позиции опфатени со јавниот оглас изнесува од 50.000 до 60.000 денари, во зависност од работната позиција и претходното работно искуство.

-Ова е втор јавен оглас од формирањето на Агенцијата, со што уште еднаш се потврдува определбата за транспарентна, отворена и законска постапка при вработување кадри. Агенцијата за национална безбедност доследно ја применува практиката на јавно и рамноправно информирање, овозможувајќи им на сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите да се пријават и да учествуваат во селекцискиот процес под еднакви услови. Со овој оглас, Агенцијата отвора можност за вклучување на стручни и мотивирани инженери кои сакаат да ја градат својата професионална кариера и да придонесат во заштитата на националната безбедност, се наведува во јавниот оглас на АНБ.

Деталните услови, критериумите и рокот за пријавување, како и потребната документација и текстот на јавниот оглас, можат да се преземат на веб-страницата на Агенцијата, во деловите „Транспарентност“ и „Кариера“.

Агенцијата за национална безбедност објави јавен оглас за вработување инженери, со или без претходно работно искуство.
Агенцијата за национална безбедност објави јавен оглас за вработување инженери, со или без претходно работно искуство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk