Исклучувањата од партија на бивши функционери во СДСМ е традиција. Борба за опстанок на актуелните шфови на СДСМ во однос на конкуренцијата. Со исклучувања се соочуваше и поранешниот премиер на СДСВ Владо Бучковски, министерот Димитар Бузлевски, бившиот генерал Љупчо Поповски... еве, сега и екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ.
-Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре, се наведува во соопштението од СДСМ.
Сега, како што се посочува во соопштението, на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата