logo
logo
logo

ДВЕ МОЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ДИВИОТ ПЕШАЧКИ НА БИТ ПАЗАР, најави градоначалникот Ѓорѓиевски

Vecer | 22.05.2026

ДВЕ МОЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ДИВИОТ ПЕШАЧКИ НА БИТ ПАЗАР, најави градоначалникот Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека ќе се реши проблемот со дивиот пешачки премин кај Бит-пазар, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните е врвен приоритет и дека „тука нема компромис“.

Според него, постојат две можни решенија – преминот да се легализира согласно законските прописи и да се отстрани натпатникот за да се добие соодветно сообраќајно решение, или натпатникот да стане функционален, а нелегалниот премин да биде затворен.

Ѓорѓиевски најави средби со министерот за внатрешни работи и со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, со цел да се најде решение за ситуацијата, откако вчера градските власти не успеаја да го затворат преминот поради протест на граѓани и дуќанџии.

„Граѓаните сакаат ред во главниот град. Логично е да има одреден отпор, но Градот постапува според законот. Законите и правилата мора да важат еднакво за сите“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека во изминатиот период до него пристигнале повеќе од сто барања од граѓани загрижени за безбедноста на оваа локација.

„Нема да си дозволам да носам некого на душа. Таму има факултет, минуваат деца, а и јас со семејството се движам таму. Безбедноста на граѓаните е најважна“, нагласи градоначалникот.

Според него, долгогодишната пракса граѓаните да го користат дивиот премин е резултат на систем кој со години дозволувал таква состојба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk