logo
logo
logo

Николоски објави: ОВА Е РЕШЕНИЕТО ЗА СКОПЈЕ

Vecer | 24.03.2026

Николоски објави: ОВА Е РЕШЕНИЕТО ЗА СКОПЈЕ

Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии ја потврди силната поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Министерот за транспорт Александар Николоски на својот Фејсбук профил во објава истакна дека проектот ќе овозможи ефикасен, економичен и модерен градски сообраќаен систем.

Проектот предвидува изградба на две линии – Исток–Запад и Север–Југ – со набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот за управување со сообраќајот во Градот.

Проектот ќе се финансира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, при што Владата ќе ги трансферира овие средства како неповратни средства за Град Скопје.

Рокот за завршување е февруари 2029 година.

Министерот Николоски нагласи дека развојот на главниот град го наметнува воведувањето на нови транспортни решенија за поефикасен превоз на граѓаните.

Со соработката помеѓу Министерството за транспорт и Град Скопје, ќе се обезбеди соодветна инфраструктура за БРТ, а заедно со проектот за Градски воз и набавката на нови еколошки електрични автобуси, Скопје ќе добие комбиниран и модерен систем на јавен превоз, со значително подобрување на точноста и ефикасноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk