logo
logo
logo

Потрошувачката на горива е зголемена за 10%, ИМАМЕ НАЈНИСКИ ЦЕНИ, ТОЧАТ И ОД СОСЕДСТВОТО

Vecer | 24.03.2026

Потрошувачката на горива е зголемена за 10%, ИМАМЕ НАЈНИСКИ ЦЕНИ, ТОЧАТ И ОД СОСЕДСТВОТО

Македонија има најниски цени на бензинот и на дизел горивото во регионот и покрај ценовните шокови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот информираше дека поради тоа во Македонија да точат гориво доаѓаат и граѓани од соседните држави со што е зголемена потрошувачката на горивата за 10%.

–  Но и покрај тоа стабилното снабдување за граѓаните и стопанството стана наш приоритет и во овој момент тука нема никакви негативни очекувања, туку напротив останува стабилно да обезбедиме доволно количини и за нашите граѓани, но истовремено доколку и граѓаните од соседните држави ценат тоа ќе придонесе во подобрување на нивниот животен стандард ние како држава стоиме на располагање – рече Мицкоски на меѓународна конференција организирана од Народната банка.

Премиерот оцени дека ова е пример за координиран пристап – каде што монетарната и фискалната политика се надополнуваат, а институциите делуваат синхронизирано во интерес на граѓаните. Тој посочи дека во исто време, Владата реагираше навремено и одлучно за да ги ублажи директните удари врз граѓаните и економијата.

– Донесовме мерка за намалување на ДДВ-то за бензините и нафтата, со што директно се влијае на намалување на ценовниот притисок врз домаќинствата и стопанството. Денеска имаме редовна владина седница и ќе разгледуваме и други мерки коишто мислиме дека ќе бидат корисни во таа насока.

Мицкоски ја нагласи улогата на централните банки во светот во време на глобални кризи. Зборувајќи за кризата со гориво во светот и војната на Блискиот Исток тој изјави:

– Во ваква средина, централните банки имаат двојна одговорност. Прво, да ја одржат ценовната стабилност и да ги амортизираат инфлаторните шокови. И второ, да ја зачуваат финансиската стабилност, обезбедувајќи ликвидност и сигурност во банкарскиот систем. Тоа бара внимателен баланс – помеѓу рестриктивни мерки за контрола на инфлацијата и поддршка на економската активност. Но, стабилноста сама по себе не е доволна. Во време на трансформации, потребна е и храброст за иновации. Дигитализацијата на финансискиот сектор, развојот на финтек решенија, модернизацијата на платежните системи – сето тоа отвора нови можности за побрз, поефикасен и поинклузивен финансиски систем. Централните банки се веќе активни актери во оваа трансформација, создавајќи рамки кои ги поттикнуваат иновациите, но истовремено ја штитат стабилноста. Како држава активно го следи овој пат. Градиме стабилен и отпорен финансиски систем, усогласен со европските стандарди. Нашата политика е јасна – силни институции, транспарентност и одговорност. Во соработка со Народната банка и со сите релевантни институции, работиме на унапредување на регулаторната рамка, зајакнување на надзорот и поддршка на дигиталната трансформација,

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk