logo
logo
logo

СЕ ОЛЕСНУВА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ДОНИРАЊЕ ОРГАНИ - зборот на донорот станува пресуден

Vecer | 09.04.2026

СЕ ОЛЕСНУВА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ДОНИРАЊЕ ОРГАНИ - зборот на донорот станува пресуден

Министерството за здравство ги објави предлог-измените на Законот за пресадување делови од човечкото тело, со кои се предвидува значајно олеснување на процедурите за органдонорство. Главната новина е можноста граѓаните да се регистрираат како потенцијални донори преку едноставна изјава кај матичен лекар или преку мобилна апликација.

„Ова е уште еден чекор за подигнување на јавната свест за значењето на органдонорството, како највисок акт на човекољубие со кој се спасуваат човечки животи. Целта е волјата на граѓанинот да биде примарна, системот да биде потранспарентен и подоверлив, а личната одлука да се врати таму каде што ѝ е местото – кај човекот“, велат од Министерството за здравство.

Според предлогот, доколку лицето веќе дало согласност за донирање по смртта, семејството повеќе нема да може да ја спречи таа одлука. Од Министерството велат дека целта е волјата на поединецот да биде примарна, а системот потранспарентен. Дополнително, се проширува кругот на живи дарители, но со строга контрола од Етичка комисија за да се спречат какви било злоупотреби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk