logo
logo
logo

ВИЗ-ЕР ПРАКТИЧНО СТАНА НАЦИОНАЛЕН АВИОПРЕВОЗНИК: 4 милиони патници годишно во авиосообраќајот е остварливо

Vecer | 21.07.2026

ВИЗ-ЕР ПРАКТИЧНО СТАНА НАЦИОНАЛЕН АВИОПРЕВОЗНИК: 4 милиони патници годишно во авиосообраќајот е остварливо

Авиокомпанијата Виз ер во нивната база на скопскиот аеродром додаде уште еден, седми авион.

На денешниот настан по овој повод, присуствуваа заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, Неџат Курт – Генерален директор на ТАВ Македонија и Андраш Сабо, Офицер за развој на авиолинии во Виз ер.

- Често знам да кажам дека Виз ер практично стана национален авиопревозник на Македонија. Бројките и дестинациите го покажуваат тоа. Овие успеси се резултат на заедничка работа. Ако минатата година, само компанијата Виз ер превезе 1.700.000 патници, веќе за првите шест месеци од оваа година превезе 1.200.000 патници, што јасно го покажува растот. Ако пред неколку години се боревме за два милиони патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо, 4 милиони патници годишно е нешто што е реално остварливо – посочи Николоски во обраќањето.

Тој истакна дека има многу нови дестинации и рути, од кои две се отворени неделава за Италија

Директорот на ТАВ Македонија, Неџат Курт нагласи дека новиот авион носи нови работни места на аеродромите, но и нови можности за туризмот, угостителството, трговијата.

- Седмиот авион значи дека е директно поврзан со економскиот развој на земјата со поцврста интеграција во европските и глобалните економски текови. Со ова се поддржува и националната стратегија за модернизација на инфраструктурата, зајакнувањето на регионалната поврзаност и позиционирањето на Македонија како динамична и добро поврзана држава – вели Курт.

Ги повика граѓаните да продолжат да патуваат, да ја искористат можноста и да ги посетат дестинациите кои им се нудат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk