logo
logo
logo

60% итни повици НЕ БИЛЕ ИТНИ, луѓе се јавувале ЗА ДРУГИ ПОТРЕБИ

Vecer | 09.12.2023

60% итни повици НЕ БИЛЕ ИТНИ, луѓе се јавувале ЗА ДРУГИ ПОТРЕБИ

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), според последниот извештај, имало вкупно 1.323 повици на Единствениот број за итни случаи 112. „Реални“ повици за итни случаи биле 39,91 отсто, а 60,09 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.

Од Центарот за управување со кризи велат дека со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од непродуктивни за нив, службите институциите во Системот за управување со кризи коишто се за итно интервенирање.

Распределбата, согласно генералната природа на настаните, била следната: кон Полиција биле упатени 42,86 отсто од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 51,02, кон пожарникарите биле упатени 3,4, а кон АМСМ 0,44 отсто.

Кон Центарот за управување со кризи имало 2,72 отсто од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 60,09 отсто неитни повици“, биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk