logo
logo
logo

Денеска променливо ОБЛАЧНО И ПОСВЕЖО, со северен ВЕТЕР

Vecer | 08.04.2026

Денеска променливо ОБЛАЧНО И ПОСВЕЖО, со северен ВЕТЕР

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно и посвежо време со повремени сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен, а на места вдолж Повардарието и во источните делови на земјата повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час. Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 10 до 21 степен.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Температурите ќе се движат од минимални 10 до максимални 18 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk