Министерот Панче Тошковски истакнува дека денеска заокружиле една исклучително важна фаза во процесот на модернизација на системот за обука во Министерството за внатрешни работи.
Преку партнерството со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и поддршката од нашите меѓународни пријатели, во изминатите години изграден е модерен и одржлив хибриден образовен систем кој суштински го менува начинот на стручно усовршување на полицијата.
-Со воспоставувањето на Мултимедијалниот центар за обука во Идризово, воведувањето на Систем за управување со учење (LMS) и обуката на национални хибридни обучувачи, создадовме услови за квалитетна, флексибилна и современа едукација, усогласена со реалните безбедносни предизвици. Овие резултати не се само техничко унапредување – тие се доказ за институционална зрелост, визија и јасна определба да се инвестира во знаење, професионализам и човечки капитал. Посебно ме радува што поставените капацитети отвораат нови можности за регионална и меѓународна соработка и активно учество во заеднички образовни иницијативи, нагласува Тошковски.
Министерот изрази благодарност до сите партнери, амбасадори и тимови кои дадоа директен придонес во реализацијата на овој проект.
-Убеден сум дека со ваков пристап ќе продолжиме да градиме професионална, ефикасна и одговорна полициска служба во интерес на граѓаните и безбедноста на државата, вели министерот за внатрешни работи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата