logo
logo
logo

Мицкоски: ПОШТА ДОБИВА НОВА ЕНЕРГИЈА - Набавени 100 нови возила

Vecer | 15.04.2026

Мицкоски: ПОШТА ДОБИВА НОВА ЕНЕРГИЈА - Набавени 100 нови возила

Набавката на 100 нови возила за потребите на Пошта претставува почеток на нова ера за овој систем кој со години беше принуден сам да се справува со бројните предизвици. Владата, преку Министерството за транспорт, реализираше инвестиција вредна околу два милиони евра со цел целосно да ја промени функционалноста на јавните услуги. На денешната промоција, премиерот Христијан Мицкоски порача дека оваа одлука не е случајна, туку е одговор на реалната потреба за модернизација.

„Денес зборуваме за една важна инвестиција што не значи само нови возила, туку значи нов почеток, нова енергија и нова функционалност за еден систем што со години беше оставен да се справува сам со предизвиците. Владата, преку Министерството за транспорт, реализираше набавка на 100 нови возила за потребите на Пошта. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу два милиони евра“, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Досегашната просечна старост на возниот парк на Пошта изнесува околу 15 години, што директно придонесувало за чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност. Според премиерот, токму застарената опрема е причина за доцнење на пратките и оправданото незадоволство кај граѓаните, на што сега конечно му се става крај.

Оваа обнова е дел од пошироката државна стратегија за модернизација на институциите, со цел тие навистина да им служат на граѓаните наместо да бараат оправдувања за сопствената нефункционалност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk