Со панорамски разглед до откривање на историјата на старо Скопје

Vecer | 25.07.2026

Со панорамски разглед до откривање на историјата на старо Скопје
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на градот по повод 63 годишнината од земјотерост кој ја демолира метрополата, „патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје“.

Со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот, да ги слушнат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале препознатливиот лик и животот на градот, објави на социјалните мрежи градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Имаме обврска да ја чуваме меморијата за минатото, да го негуваме културното и историското наследство и пренесуваме приказната за Скопје на идните генерааци, додава Ѓорѓиевски 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk