logo
logo
logo

ОПОЗИЦИЈАТА ГО ОДБИ ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ШТО САМА ГО КРЕИРАЛА

Vecer | 18.07.2026

ОПОЗИЦИЈАТА ГО ОДБИ ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ШТО САМА ГО КРЕИРАЛА

СДС, Левица и ДУИ ја водат политиката на блокади и се повлекоа од договорот за измените на Изборниот законик, иако претходно учествувале во работните средби и предлагале измени, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Според него, претставниците на трите партии со месеци учествувале во подготовката на законските измени, а нивните предлози биле прифаќани.

– Со месеци седеа на работни средби, предлагаа измени, бараа корекции и нивните барања беа прифаќани. Кога дојде време да стават потпис и да покажат одговорност, избегаа од сопствениот договор – изјави Манасиевски.

Тој оцени дека, според ВМРО-ДПМНЕ, проблемот не бил самиот Изборен законик, туку, како што рече, неспособноста на опозициските партии да прифатат нов реформски успех.

– Тоа најдобро покажува дека проблемот никогаш не бил Изборниот законик. Проблемот е што СДС, Левица и ДУИ не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија – рече Манасиевски.

Портпаролот на владејачката партија додаде дека, според нивната оценка, опозициските партии не се борат за подобрување на изборната регулатива, туку против секое решение што, како што наведе, значи напредок за државата.

– За нив е поважно да создадат политичка криза отколку Македонија да исполни уште една реформска обврска – истакна Манасиевски.

Тој порача дека граѓаните, како што рече, ќе ја оценат ваквата политика на следните избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk