logo
logo
logo

Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево

Vecer | 18.07.2026

Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево

Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од работната посета на општина Дебрца.

фото:Министерство за транспорт
фото:Министерство за транспорт


Со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски, извршија увид во реконструкција на патот од Мешеишта до Волино и улици во село Волино, проекти кои се реализираат со поддршка на Владата преку Министерството за транспорт.

Овој проект во селото Волино го работевме заедно со општина Дебрца, со поддршка на Светска Банка преку една проектна линија којашто ја имаме обезбедено од Светска Банка и која што значи завршување на локални улици низ многу населени места во државата. Исто така претходно бевме на влезот на село Мешеишта, а кога бил правен проектот за автопатот Охрид-Кичево, за жал не беа предвидени нити пристапни патишта, нити паралелни патишта, ниту клучки, нити потпатници, ниту надпатници и на тој начин најголем дел од селата коишто се од левата и од десната страна на автопатот беа, односно требаше да бидат отсечени и од Охрид, од Струга, од Кичево и од Скопје.

фото:Министерство за транспорт
фото:Министерство за транспорт

Ние решивме тоа да го коригираме, испроектиравме паралелни патишта и пристапи во должина од 18 километри. За долниот дел од автопатот, од потегот кој што е од Пресека до Охрид мораше да бараме согласност и од Комисијата за УНЕСКО. Во изминативе 6 месеци работевме и со нив, добивме согласност и веќе можете да видите дека пристапот кон населените места, во случајов кон Мешеишта почнува да се работи, а онаму каде што завршува пристапот ќе продолжи општината, така што ќе добиеме едно модерно патно решение коешто нема само да значи спој за ова населено место, туку ќе значи и спој за Општина Струга и селата коишто гравитираат кон Општина Струга, изјави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk