logo
logo
logo

Признанието и пресудата за Пешевска значат дека обвинението за „Онкологија“ е основано

Vecer | 23.09.2025

Признанието и пресудата за Пешевска значат дека обвинението за „Онкологија“ е основано

Основното јавно обвинителство сè уште не ја добило пресудата од Кривичниот суд и образложението за изречената двегодишна условна казна без забрана за вршење на дејност за второобвинетата во случајот „Онкологија“, онкологот Мери Пешевска. Од Обвинителството велат дека за евентуална жалба ќе одлучваат откако ќе ја добијат пресудата.

„Признанието на вината и осудителната пресуда изречена за една од обвинетите во предметот е потврда за основаноста на наводите во обвинението поднесено од Основното јавно обвинителство Скопје. Висината на санкцијата за стореното кривично дело ја одредува Судот, а Обвинителството сè уште не ја добило пресудата и образложението за изречената казна. По приемот, Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе вложи жалба во однос на висината на санкцијата – информира Јавното обвинителство.

Основниот кривичен суд Скопје изрече двегодишна условна казна без забрана за вршење на дејноста за второобвинетата лекарка Мери Пешевска, доколку во рок од 5 години таа не стори ново дело. Таа претходно го призна делото кое што ѝ се ставаше на товар за несовесно лекување болни, по што кривичната постапка против неа беше раздвоена.

Пешевска заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев и уште двајца други онколози беше обвинета за несовесно лекување пациенти. Според обвинението, ним им се ставаат на товар кривичните дела Тешки дела против здравјето на луѓето и Несовесно лекување, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk