logo
logo
logo

ПОЖАР НАД ШТИП ОД УДАР НА ГРОМ, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција

Vecer | 10.06.2026

ПОЖАР НАД ШТИП ОД УДАР НА ГРОМ, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција

Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип кои интервенираат со сите расположиви средства. Засега нема информации за повредени.

Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите над градските гробишта во Штип.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов најави вонредна прес-конференција на која ќе информира за справувањето со пожарот и евентуалните ризици по населените места.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk