Најпрво, кога Венко Филипче – симболот на здравствената мафија од времена пандемија, зборува за морал, чесност и патриотизам, тоа е навреда заздравиот разум на граѓаните.
Човекот чие министерување ќе останезапаметено по рекетот со вакцини и набавки без фактури, денес се обидувада биде морална громогласна совест? Сериозно?!
Да потсетиме:Тој што денес го нарекуваат „лажен патриот“, беше еден од ретките коигласно се спротивставија на договорот со Бугарија, договор со кој одокупатори направивте администратори, а од Гоце Делчев – личност запотценување.
Каде беа тогаш гласот и совеста на СДСМ? Каде беа вашите„патриоти“ кога се газеше врз историјата и идентитетот на оваа држава?
Максим зборуваше кога вие молчевте. Максим застана за државата, кога виеја распродававте.Но денес, предавник е оној што ја брани државата, а не оној што јапродаде. Денес, според СДСМ, поголем грев е да ја изневериш партијата,отколку да ја изневериш Македонија.
Ниту еден од Вас не проговори кога вашиот поранешен лидер Зоран Заев,држејќи ја раката на срцето, тивко, чекор по чекор, ја разнебитувашедржавата.
Тогаш, тоа не беше предавство?Тогаш социјалдемократите не ги викавте да се вратат дома?Затоа, не ги потценувајте граѓаните.
Тие знаат кој зборува чесно, а којзборува по нарачка. Знаат кој бранел држава, а кој молчел за тендер.Знаат кој оди со исправена глава меѓу народот, а кој бега ододговорност.Максим Димитриевски не е предавник. Тој е огледало – во кое СДСМ не сакада се погледне.Предавници се оние што ја заменија државата за фотелји, а народот затишина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата