Скандалозна е одлуката за запирање на истрагата за случајот Мазут - вели премиерот Христијан Мицкоски откривајќи дека ЕСМ веќе поднело жалба.Според премиерот сега на потег е Вишото јавно обвинителство од кое се очекува правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи по тоа во жалбата.
Пртеникот Антонијо Милошоски пак смета дека приговорот на ЕСМ до Вишото јавно обвинителство дава правна можност за преиспитување на решението за скандалот „Мазут“ и за корекција на контроверзното решение за прекин на истрагата од Коларевиќ и Абази.
Во меѓувреме реакција пристигна и од Левица, прашуваат зошто обвинителот Савески не постапува за случајот и покрај законските овластувања.
Левица со напад врз државниот (јавен) обвинител Савевси практично му се придружи на ДУИ со обид да ја дефокусира јавноста од главниот проблем и да изврши удар врз авторитетот на јавниот обвинител во фаза кога Вишото обвинителство решава по жалба и постои голема веројатност пердметот да се врати анзад во Основното обвинителство за организиран криминал и, сепак, да се спроведе истрага.
,,Дали пасивноста на Савески доаѓа по телефонскиот разговор со Мицкоски, каде добил такви насоки?! Ако новиот државен јавен обвинител навистина не постапува по политички и партиски директиви, тогаш Савески треба да ги искористи законските механизми кои му стојат на располагање и да утврди како е затворена истрага за случај во кој државата била оштетена за 169 милиони евра“- велат од Левица.
Претходно, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ја запира едногодишната истрага за случајот со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино во време на енергетската криза, бидејќи, како што кажаа, не обезбедиле доволно докази за да одат на суд со осудителен предмет.
Надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ изјави дека обвинителството не може да ризикува судска постапка без цврсти докази дека осомничените ги сториле кривичните дела за кои беа гонети – злоупотреба при јавни набавки и перење пари.
Со истрагата беа опфатени 13 физички лица и една фирма. Меѓу осомничените беа Ратко Капушевски, Асмир Јахоски – сопственик на „Пуцко Петрол“како и поранешните директори на ЕСМ Васко Ковачевски, Адриан Муча и Ерџан Сулковски.
Кривичната пријава лани ја поднесе МВР, кое тврдеше дека државата била оштетена за повеќе од 167 милиони евра преку злоупотреби со набавките и транспортот на мазутот за ТЕЦ Неготино.
Но, настаните потоа открија битни пропусти во оценка на пердметот, и тоа клучни!
ЕСМ нема поднесено допис од надлежно лице дека тие не се оштетена страна во случајот а се појавија и докази во прилог на пријавата кои обвинителката Коларевиќ воопшто не ги земала во обзир.
Катерина Коларевиќ, обвинителката која ја стопираше истрагата за случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра, според ВМРО-ДПМНЕ е дел од мрежа на блиски релации меѓу СДСМ, ДУИ и обвинителско-судскиот систем.
Дали Коларевиќ по насока на шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази и насока на Венко Филипче, Зоран Заев и Али Ахмети ја стопирала постапката, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата обвинува дека таткото на Коларевиќ е еден од „семејните кадри“ унапредени во времето на СДСМ и ДУИ и дека унапредувањето е типична политичка номинација, а не професионален развој.
„Павле Марков, во 1998 година од тогашната влада на СДСМ е избран за државен правобранител, додека, пак, мајка ѝ Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДСМ и ДУИ е избрана за уставен судија“.
Понатаму во текстот се спомнува блискоста на Ислам Абази со шефот на ДУИ, Али Ахмети, како комшии во Зајас.
„За блискоста на Ислам Абази со Ахмети како комшија од Зајас, на кого според јавно достапни фотографии може да се види како на глава му седи неговиот брат Фекри Ахмети, сите знаат“.
ВМРО-ПМНЕ обвинува дека обвинителката Коларевиќ, блиска до СДСМ и ДУИ, добро знае дека во економскиот криминал или штета на државниот буџет, како што е случајот со ТЕЦ Неготино, се утврдува со економско вештачење, а не со изјави дадени од некомпетентни и неовластени лица вработени во ЕСМ
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата