logo
logo
logo

УКРАДЕНО ВОЗИЛО НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ, пријавил градоначалникот

Vecer | 08.04.2025

УКРАДЕНО ВОЗИЛО НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ, пријавил градоначалникот

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески пријавил кражба на општинско возило.

-На 07.04.2025 во 22 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(37) од Скопје, градоначалник на општина Аеродром, пријавил дека во периодот од 15:30 часот на 04.04.2025 до 20:40 часот на 07.04.2025 од гаража на општина Аеродром на бул.„Јане Сандански“ било одземено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината, информира МВР.

Возилото е пронајдено на ул.„Перо Наков“, при што било констатирано дека недостасува една регистарска табличка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk