logo
logo
logo

Бугарска провокација- За Ангел Димитров, историчарот преговарач со Македонија, МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Е ДЕЛО НА БЕЛГРАД И МОСКВА

Vecer | 28.03.2025

Бугарска провокација- За Ангел Димитров, историчарот преговарач со Македонија, МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Е ДЕЛО НА БЕЛГРАД И МОСКВА

„Македонскиот идентитет е производ на Белград и на Москва“, пишува бугарскиот историчар и копретседател на бугарскиот дел на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања со Македонија, Ангел Димитров во презентацијата на својата книга „Бугарија и Република Северна Македонија. Средба меѓу историјата и политиката“.

Димитров за книгата вели ека се работи за анализа на модерноста во која се обработува прашања од големо значење за иднината и за добрососедските односи меѓу двете земји. „Република Северна Македонија не може да избега од југословенската орбита во која е создадена. Тешко е да се излезе од ова наследство и тоа важи и за политичката класа“, рече бугарскиот историчар, пренесува БГНЕС.

Новата книга на Димитров е продолжение на „Република Македонија меѓу Југославија и национализмот“, објавена во 2011 година.

БГНЕС пишува дека новото истражување фрла светлина врз српско-југословенските планови за Македонија, причините за одбивањето на политичката елита во Скопје искрено да ѝ се приближи на Бугарија и нејзината папочна врвца со Белград и Москва.

„Зошто мораше да се напише оваа книга? Затоа што допира прашања со пулсирачко историско значење и директно влијание врз можноста за вистинска, добра и заедничка иднина меѓу двете соседни земји. Република Македонија не е во состојба да избега од југословенската орбита во која се креираше државната политика. Идеологијата на македонизмот е идеолошката оска на сите влади кои сносат одговорност за иднината на оваа држава (Република Македонија). Ни треба искрена, пријателска иднина меѓу двете земји“, изјави Димитров.

Според него, македонскиот идентитет е производ на Белград и Москва, на старата српска доктрина на Стојан Новаковиќ и нејзината последователна модификација од страна на Коминтерната.

„Помирувањето е можно ако се постигне историска, социјална и политичка катарза. Се надевам дека луѓето не го изгубиле чувството за блискост со Бугарија“, додаде toj.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk