Во емисијата „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски кој истакна дека Владата продолжува со економска политика насочена кон силни капитални инвестиции и поддршка на градежниот сектор со цел зголемување на бруто-домашниот производ.
„Овие 260 милиони евра кои Република Македонија ќе ги повлече ќе бидат за финансирање на одредени капитални проекти коишто се финансираат од централниот буџет, тоа е важно да се нагласи, бидејќи ние кога ја презедовме власта кажавме дека нашата економска филозофија ќе почива на неколку столбови од кои едниот е силен буст на капитални инвестиции да преку градежништвото го покачиме брутодомашниот производ, нешто што се гледа дека е присутно“, рече Стојаноски.
Тој нагласи дека годинава државата има обврска да врати два запирка шест милијарди евра стари долгови, што претставува третина од буџетот, но и покрај тоа, како што рече, обезбедени се средства за повисоки плати, пензии и инфраструктурни проекти.

„Оваа година имаме за враќање два запирка шест милијарди евра, тоа е третина од буџетот за стари долгови, но и покрај тоа успеваме да обезбедиме средства и за повисоки плати, и за повисоки пензии, и за реконструкции на инфраструктурни проекти, и за реализација на капитални проекти, нешто што сметам дека е навистина задоволително.
Просечната пензија за две години во Република Македонија е покачена за 32%. Сите пензионери добиваа покачување од 7000 денари. Секој студент доби ваучер од 250 евра. Просечната нето исплата на плата, согласно Државниот завод за статистика, е зголемена за две години за 15,5%, односно 6500 денари. Понатаму, можеме да ги видиме, ете, колку е пораснат бројот на нововработените, 17.700 новокреирани работни места“, вели Стојаноски.
„Нашата економска филозофија е многу едноставна. Прво е капитални инвестиции, второ е привлекување на странски директни инвестиции и трето, помош на македонското стопанство.
Во овој момент тоа успева да ни обезбеди раст од 3,5% шест квартали по ред, нешто што не рангира на квартално ниво на третото или на петтото место во Европа“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата