logo
logo
logo

“Бугарија сака да ја опколи Македонија со бугарско малцинство“

Vecer | 30.09.2023

“Бугарија сака да ја опколи Македонија со бугарско малцинство“

Македонското население, кое изминатите години има земено бугарски пасоши од економски причини за работа во Европската унија, се соочува со закани дека ќе им бидат одземени пасошите, доколку на овој попис не се запишат како Бугари, вели во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана и уредник на македонски весник „Илинден“.

Ѓурѓај како аргументи наведува дека во изминатите 11 пописи спроведувани во Албанија, никој не се идентификувал како Бугарин, а населението во Преспа, Голо Брдо и Гора се идентификува како македонско малцинство.

„Историски факт е дека бугарско население нема во овој дел. Тоа го покажуваат и историските факти и документи, уште пред Албанија да стане држава. Уцените се големи дека ќе им се земе бугарскиот пасош, а се знае зошто се земаат овие пасоши, од економски причини. Самата бугарска држава тоа го знае. Бугарите го прават ова за да ја опколат Македонија со бугарско малцинство и да кажат дека во Македонија нема македонско население“, вели Ѓурѓај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk