logo
logo
logo

Бугарија не се подготвува да го крене ветото за Северна Македонија, вели Минчев

Vecer | 22.05.2022

Бугарија не се подготвува да го крене ветото за Северна Македонија, вели Минчев

Претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев во интервју за БНР изјави дека Владата не се подготвува да го крене ветото за членството на Северна Македонија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија. Според Минчев, категорично немало да има едногласно кревање на ветото кон Северна Македонија, но, како што рече, таа тема многу се експлоатира за политички цели. – Реална причина да се тврди дека ние ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија, нема, рече тој. Бугарската позиција за темата според него е јасна и се очекува исполнување на Договорот за добрососедство и на другите договори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk