logo
logo
logo

Димитров

„Бугарија ГО ОСПОРУВА НЕ САМО МАКЕДОНСКИОТ, туку и европскиот идентитет“

Vecer | 05.07.2022

„Бугарија ГО ОСПОРУВА НЕ САМО МАКЕДОНСКИОТ, туку и европскиот идентитет“

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров потсетува дека со толерирањето на примитивниот повик на Бугарија дека “ништо во пристапниот процес на Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на “македонскиот јазик” од страна на Бугарија”, таа го оспорува не само македонскиот, туку и европскиот идентитет.

Димитров вели дека европското знаме е симбол на ЕУ, но и на идентитетот и единството на Европа. Златните ѕвезди ги претставуваат идеалите на единството, солидарноста и хармонијата меѓу европските народи. Вкупно се 12, број што симболизира совршеност, севкупност.

Тој додава дека дизајнот во 1955 го употребува прво Советот на Европа, организација што ги брани човековите права, а во 1985 станува знаме на ЕУ, тогаш Европските Заедници. Мотото на ЕУ (од 2000 година) - Обединети во разноликоста - означува како Европјаните се здружиле во ЕУ, во името на мирот и просперитетот, истовремено збогатени со различните култури, традиции и јазици на континентот.

Во членот 2 на Лисабонскиот договор и во членот 22 на Повелбата на фундаменталните права на ЕУ, Унијата се обврзува дека “ќе ја почитува богатата културна и јазична разноликост, и ќе го штити и унапредува културното наследство на Европа.”

Зошто го пишувам ова?

Затоа што македонските граѓани токму со знамето на ЕУ во рака треба да ја потсетуваат Унијата за сопствените принципи и вредности. Бидејќи со толерирањето на примитивниот повик на една земја членка дека “ништо во пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на “македонскиот јазик” од страна на Бугарија”, таа го оспорува не само македонскиот, туку и европскиот идентитет.

Македонското државно знаме во една, европското знаме во друга рака, напиша Димитров.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk