logo
logo
logo

Силјановска Давкова

„Бугарија ДА ГО ПРИЗНАЕ МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО, како што бара Македонија да признае бугарско“

Vecer | 23.01.2022

„Бугарија ДА ГО ПРИЗНАЕ МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО, како што бара Македонија да признае бугарско“

Во однос на признавањето и заштитата на правата на малцинствата, Силјановска Давкова посочи дека тука особено треба да важи начелото на реципроцитет, односно како што Бугарија бара признавање на бугарско малцинство во Македонија истото треба да го направи и таа, и во Бугарија да го признае македонското малцинство и да ги гарантира неговите права, што е во согласнот и со добиените пресуди од Судот за човекови права кои ги покренаа Македонците во Бугарија.

„Од она што го покажува историската меморија, токму на прашањето на заштитата на правата на малцинствата најмногу се инсистирало на реципроцитет. Да посочам, и ние и Бугарија, и сме ја потпишале и сме ја ратификувале рамковната Конвенција за заштита на правата на малцинствата. Ако ја следиме логиката на солунскиот Самит и на она што тогаш, комесарот за Оли Рен го изрази дека, регионот е Европа историски, географски, културно, дека само во два културно историски моменти на Отоманската империја и на комунизмот не сме биле заедно. И дека логиката е јасна ако е ова портата на ЕУ, тогаш или ние ќе извезуваме мир или ќе увезуваме немир“, вели професорката и актуелен пратеник, Гордана Силјановска Давкова на трибината насловена „Заштита на националните и државни интереси, наместо пазар дипломатија“.

Во однос на барањето за промена на Уставот, таа истакана дека е неизбежно дека тој повторно ќе се менува, најмногу поради ЕУ интеграциите како што е преимерот со Србија која пред недела дена се изјаснуваше и на реферндум, но дека тоа ние треба да го направиме со барање од внатре, како на пример претседател на држава, а не како барање кое некој од надвор ни го наметнува.

„Мој белгиски колега вели, Уставот треба да се менува со рака што трепери од одговорност. Да, ние го менуваме уставот со рака што трепери од страв, до сега неколку пати. И замислете, за триесетина години 36 амандмани, споредено со САД, з аповеќе од 200 години, 27 амандмани, имаат илјада предлози и пет илјади неуспешни обиди. Проблемот е што ние, дали треба да го смениме уставот, јас одговорно тврдам и тоа ќе го направиме. Србија тоа сега го правање со референдум, во функција на ЕУ интеграцијата, мешутоа не со барање од надвор, туку со барање од внатре. Еден паметен претседател или претседател на собрание, одамна би ја проширил уставната комисија со експерти, за да видиме во овие 30 години кои проблеми ги манифестираше уставната норма во праксата како систем“, посочи Силјановска Давкова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk