Буџет тежок<span style="mso-spacerun:yes"> </span>5,5
милијарди евра, највисок во историјата на Македонија и тоа во изборна година,
додека владејачката СДСМ се соочува со низок рејтинг и се поизвесна е промена
на власта во земјава. Зошто толку голем буџет за власт која не може да го
реализира, а не успеа да ги реализира ни претходните? Познавајќи како
функционира дуото СДСМ и ДУИ, се повеќе станува очигледно дека голем дел од
парите треба да завршат како предизборен поткуп, да се спасат колку што може повеќе.
Што говорат фактите? Секоја година откако е ова дуо на власт
буџетите од година во година стануваат се поголеми. Но, теренот покажува нешто
друго. Никој не може да се сети на голем проект кој оваа влада го реализирала.
Автопатите тапкаат во место, а се зголемува нивната вредност, а нема никакви
големи капитални или инфраструктурни проекти. Економијата не расте ни половина
од тоа што го најавија, а секоја година економската криза станува поголема
доколку се следи куповната моќ на граѓаните која постојано опаѓа.
Тогаш каде одат парите? Тоа е прашање кое може да го
одговори следната власт, доколку сериозно се нафати да ги истражи сите матни
зделки. А ги имаше многу. Постојано, речиси секој ден гледаме како излегуваат
сомнителни зделки, афери поврзани со лица од власта или лица блиски до нив.
Еве доколку го следиме само изминатиов период, најавија
голема фабрика за електрични возила која пред година и половина ќе започнеше да
се гради, ветија дека за неа се одвоени 45 милиони евра, прашањето е каде се
тие пари. Или дадени се над 200 милиони евра за Бехтел и Енка, додека тие
немаат почнато со работа, а треба да се дадат милијарда, можеби и две милијарди
евра на нешто за кое нема основен проект. Невозможно е да одредиш цена на нешто
што не постои, но некој што знае колку треба да си подели, веројатно знае колку
треба да земе.<span style="mso-spacerun:yes"> </span>Понатаму сомнителни и
матни работи околу новата лотарија и коцкарските бизниси.
Пари се трошат, а никој не ги гледа. Се работи за огромни
суми на пари, милиони, милијарди кои не ги гледаме. Во исто време растат и се
побројни се бизнис поврзани со лица од власта и секогаш тие бизниси се отворени
баш во вистинското време кога владата започнува со нешто.
Што значи ништо не е сработено изминатите години, буџетите
огромни и баш во изборна година го имаме најголемиот. Не може да не биде
преочигледно дека власта со големи пари ќе се обиде да ги поткупи гласачите.
И веќе започна. Кога протестираа студентите за студентски
оброк власта викаше дека многу е да им<span style="mso-spacerun:yes">
</span>покачи уште 20 денари на 160, а сега баш пред избори најде пари да им
даде по 1000 денари. Истото и кај пензионерите, речиси година дена бараат
повисоки пензии, власта викаше дека нема пари за нив, наближија избори почнаа
да им ветуваат пари.
Сеќавањето од минатите избори кога технички премиер беше
Оливер Спасовски се свежи и народот памети како се правеа злоупотреби, делење
на сомнителни пакети дури и на самиот ден на избори.
Дури и Фајнанс тинк во последниот извештај предупреди дека
последниот така наречен антикризен пакет опфаќа цели кои не се директно
поврзани со кризата што доведува до перцепција за изборен поткуп.
Тогаш како може да се спречи? Техничката влада ги нуди
алатките и можностите. Најмногу пари и злоупотреби може да се направат преку
министерството за труд и социјална политика. Но, токму таму на опозициската
партија<span style="mso-spacerun:yes"> </span>и следува министер кој може да
ги блокира сомнителните трансакции кои дуото СДС и ДУИ сакаат да ги направат.
Техничката влада и дава место на опозицијата во министерство
за информатичко општество и администрација како и во МВР, уште две важни
министерства преку кои може да се спречат злоупотребите. Што значи дека
техничката влада е повеќе од потребна за да се спречи најголемиот грабеж и
поткуп кој може да се случи во историјата на Македонија, а потоа парите по
промена на власта да завршат на проекти и реална помош од кои навистина ќе
имаат корист македонските граѓани и државата пред се.